Нежни, искрени и правични: Овој хороскопски знак е најдобар и често е несфатен

Кога доаѓа до тоа се да биде под контрола, Вагата ја превзема главната улога. Мирољубив и правичен, овој знак мрази да биде сам.

img

Партнерството е многу важно за Вагата, особено она кое е на лично ниво Со својот победнички менталитет и кооперативност не се склони долго да бидат сами.

Вагата е воздушен знак, со изразен интелект.  Ја инспирираат интересни книги, несовладливи дискусии и интересни луѓе што и ја отстрануваат досадата.Опкружени се со уметност, музика и преубави места како би можеле да го достигнат својот полн потенцијал. Бидејќи по природа се кооперативни, многу често работат со другите на креативни проекти.

Вагата ја фасцинира рамнотежата и симетријата. Тие се личности кои ја ценат рамноправноста, не поднесуваат неправда било каде да се наоѓа и прават се да ја отстранат.. Не се склони да се соочуваат со некого без причина и повеќе сакаат да го сочуваат мирот каде тоа е можно. Како што се потребни два предмети за рамнотежа, така и Вагите често бираат да се во група или пат отколку да се сами.

Најголем проблем за Вагата е кога е принудена да бира страна. Понекогаш поминуваат премногу време во размислување и аргументација на секоја страна па забораваат дека имаат и свое мислење.

Не е ретко да ја видите Вагата да полуди кога носи одлука доколку се вклучи уште некој аргумент или мислење. Клучот е секако во таа света рамнотежа на која толку тежнее.

Facebook impact:

Објавено петок, 17 февруари 2017 06:56:00
Напишано од Емилија