Родените во овој знак исполнуваат се што ќе зацртаат

Сите некаде сме забележале како дивата коза се качува кон врвот. Таа буквално живее на работ на опасноста, но се тетерави нагоре, знаејќи дека на врвот ја чека зелена трева.

img

Зошто избрала да се качува нагоре? Можела да најде зелена ливада и во долината, но не го прави тоа. Но, таа е мудра. Знае дека лесно би можела да стане плен. Исто така знае дека има цел и дека може да ги надмине сите лоши услови за да успее.

Такви се и родените во знакот Јарец.

Владетел на овој знак е Сатурн, кој им ги носи најтешките лецкии, но и награда штом ги положат сите испити во животот.

Овие луѓе се раѓаат во најсилна зима, па првиот контакт со светот вообиачено им е леден. Уште како мали деца, чувствуваат ограничување и товар. Во текот на животот, многу нешта превземаат како свој товар, иако за тоа немаат потреба. Од мали нозе, чувствуваат должност и силно патат ако не можат да променат некои работи.

Велат дека овие луѓе се раѓаат како стари и мудри, а потоа подетинуваат. Тоа е точно, тие со текот на времето учат да го носат својот товар. Бидејќи уште од мала возраст се соочува со болка и ограничувања, тој препознава туѓа болка во текот на својот живот. Со текот на времето станува студена и крута личност однадвор, но многу топло суштество одвнатре.

Тие се достоинствени, горди и мудри личности кои полека се движат кон целта.  Сите родени во овој знак имаат една цел – да го тргнат товарот од својот грб и да се ослободат од  неговата тежина.

Амбицијата ги води напред и подготвени се на многу одрекувања за да успеат. Тие се одлични пријатели, но не примаат секого во својот круг. Кога ќе изберат една личност, таа е благословена и се во состојба да направат многу нешта за неа. Секогаш ќе ја штитат и ќе се обидуваат да и помогнат и да и дадат поддршка. Такви се и во љубовта, но не се даваат секому.

Жената родена во овој знак е многу емотивна, иако на прв поглед делува многу студено. Нејзиното срце е многу важно за неа, силно го чува и не го дава секому. Внимателна е и бара некој кој ќе се однесува со неа со внимание и љубов. Ако најде партнер кој ќе ја разбира, таа жена станува кралица во љубовта и секојдневно се разубавува. Ако некој ја изневери, таа веќе не сака и не почитува. Заминува решително и веќе никогаш не се враќа на старото. Кога ќе се омажи, тешко се снаоѓа во улогата на домаќинка, но дава сè од себе.

Мажот роден во овој знак делува многу недостижно. Тој е личност кој повеќе го користи разумот отколку срцето и често останува сам или се жени доста доцна. Има некој идеал до кој се држи и кој лесно може да постигнат. Не сака да основа семејство додека не ја среди својата кариера. Сака вредни и работливи жени, но го привлекуваат и многу емотивни личност.

Не е многу лесно да се разберат овие луѓе, посебно заради тоа што нивната надворешност се разликува од тоа што го имаат во себе. Но, тие полека се движат кон целта, никогаш не заборавајќи на луѓето кои ги сакаат.

Facebook impact:

Објавено среда, 09 август 2017 12:19:00
Напишано од Виолета