Баба Ванѓа го кажа своето: На Европа ѝ остануваат уште 37 дена!

Пророчицата баба Ванѓа, која почина пред 20 години, предвиде дека „Европа каква што ние ја знаеме нема да постои по 2016 година“. Многумина во „Брегзит“ го гледаат остварувањето на нејзиното пророштво, но и многубројните други пророштва за крајот на светот.

img
ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ

– Во Европа во 2016 година речиси ќе нема никаков живот, континетот ќе изгледа опустошено и разорено. Европа ќе биде речиси ненаселена, а пред тоа ќе се случат низа катастрофи – предвиде пророчицата Ванѓа, чиишто визии се остваруваа во речиси 85 проценти од случаите.

По референдумот со кој Британците изгласаа излез од Европската унија, светските медиуми зборуваат за „балканскиот Нострадамус“, како што ја нарекуваат поради нејзините пророштва.

– Ванѓа предвиде дека ваква Европа повеќе нема да постои по 2016 година, а што е „Брегзит“ освен крај на стариот континент каков што ние го знаеме? Таа жена го предвиде терористичкиот напад на кулите Близначки во Америка на 11 септември, но и создавањето на Исламската држава. Предвиде дека популацијата во Европа ќе биде речиси нула поради инвазијата на муслимани, кои ќе се обидат да ја освојат. Кризата е насекаде во Европа, а сега уште и Британија заминува. Нејзините зборови мораме да ги земеме како сериозни, предупредува британски „Експрес“, но и поголемиот број европски медиуми.

Facebook impact:

Објавено четврток, 24 ноември 2016 19:04
Напишано од Ирина




Барај

Последни вести