Баба Ванѓа предупредила за постоењето на вонземјани!

Баба Ванѓа знаела за средба на американските космонаути со вонземјани, тврди човекот кој 18 години постојано се грижел за потребите на јасновидката.

img

Петар Баков, дипломиран математичар на Софискиот универзитет, има напишано многу книги за Баба Ванѓа, но и покрај тоа тој и денеска вели: „Знам работи за Ванѓа за кои никој друг не знае.“

Во последното интервју тој говори за средбите што со неа ги имал Тодор Живков, а на кои присуствувал и Баков. Меѓу другото, Баба Ванѓа му кажала и за слетувањето на Американците на Месечината и за средбата на космонаутите со вонземјаните!

-Знаете ли дека Тодор Живков е првиот Бугарин кој ги виде вонземјаните и нивните летала на Месечината? Американците ги видоа први, а Русите го следеа целото слетување и му ги испратија на Живков. Во тоа време Русите и Американците се следеа меѓусебно, а Живков имаше поинаков статус и беше упатен во светските тајни. Јас сум ги видел тие снимки. Ми ги покажа. Тоа беше многу пред 1989 година – раскажува Баков.

На прашањето дали е вистина дека Баба Ванѓа го видела и слетувањето на Месечината, тој вели:

-Вистина е. Знам. А сега за прв пат ќе кажам. Мене ми го рече тоа, дека само НАСА и Русите го знаат, ама го кријат. Оние горе кога ги виделе Американците им рекле – До тука! Следните 50 години нема да стапнете на Месечината. Американските космонаути ги виделе и толку. Се чуваат само првите снимки, кои се испратени од горе, само мал дел од нив. Потоа се пресечени како со нож, снимката, тонот, фотографијата. Ванѓа знаеше и повеќе, но молчеше. Дали сте слушнале некој да полета сега кон Месечината?- отворено прашува Баков, кој додава дека таа и разговарала со вонземјаните.

Facebook impact:

Објавено сабота, 26 ноември 2016 12:04
Напишано од Ирина




Барај