ЦИА ОТКРИВА: Кој бил навистина Јосип Броз Тито?

Претседателот на поранешната Југославија, Јосип Броз Тито, немал југословенско потекло, стои во документ за фонетска анализа на јазик кој неодамна е објавен на сајтот на американската Централа за известување.

img
ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ

Во документот, на кој неодамна е отстранета ознаката за тајност, се констатира дека Тито говорел српскохрватски, кој наводно му бил мајчин јазик, но со „странски акцент“.

Во опширната анализа за евентуални јазици кои на Тито навистина би можеле да му бидат мајчини, или пак поблиски од српскохрватскиот, се и рускиот и полскиот јазик.

„Самогласката ‘и’ исто се изговара по меки и тврди согласки во српскохрватскиот јазик. Од другата страна, оние луѓе чии мајчин јазик се рускиот и полскиот, веројатно и двата јазика би ги говореле со меко ‘н’“.

Тоа е всушност говорот на Тито од српскохрватскиот јазик и тој најдобро го опишува како странски акцент, се наведува во анализата.

Објавено среда, 16 септември 2015 11:49:00
Напишано од Ирина