Мистериозна смрт снајде познат теоретичар на заговор: Ден пред смртта испратил вознемирувачка порака до мајка му!

Најпознатиот теоретичар на заговори и „ловец“ на вонземјани, Макс Спирс (39), пронајден е мртов во Полска каде еден ден пред тоа одржа говор за НЛО.

img

Таткото на две деца бил пронајден во безживотна состојба, а полицијата не пронашла никакви знаци на физички напад или борба.

Тој еден ден пред мистериозната смрт испратил порака до мајка му: „Твоето дете е во опасност, ако нешто му се случи, истражувај“.

Пријателите на Спирс се сомневаат дека тој е отруен бидејќи последните денови повраќал црна течност.

- Сѐ што имам е посмртницата од полските власти и дека се работи за природна смрт, но не е направена обдукција, изјави мајката на Спирс - додавајќи дека нејзиниот син дошол до некои забранети податоци поради кои страдал.

Неговите пријатели, исто така теоретичари на заговори, сметаат дека тој не е мртов туку дека е киднапиран од вонземјани.

Facebook impact:

Објавено недела, 23 октомври 2016 16:56
Напишано од Ирина




Барај