Наследничката на Ванѓа најави повторување на голем масакр!

Таа е најавена од самата Ванѓа, а руските медиуми пишуваа дека нејзината наследничка ќе се појави повторно, односно за малото девојче долго време се тврдеше дека починала, но вистината е сосема поинаква. Девојката се вика Каеда Убер и живее во Монпелие.

img

За неверојатните сличности помеѓу неа и Ванѓа се раскажува во обемната репортажа на руската телевизија НТВ.

Сличностите меѓу Ванѓа и Каеда се многубројни. И француското девојче како Баба Ванѓа почнува да губи видот. Малата Каеда дури ги има и истите гестови како Ванѓа. Таа може да ги лекува другите, но не и себе. По примерот на македонската пророчица и девојчето гледа духови, но има страв од темнината, бидејќи ноќе нејзините визии се најсилни.

За девојчето се тврди дека ја наследи дарбата на Ванѓа. За Каеда се зборуваше уште во 2011 година, кога таа имаше само 7 години. Дури и специјалисти се зафатиле со проекти да научат повеќе за феноменот на Каеда. Се вршеле понатамошни испитувања во Русија за паранормални нешта и да се открие дали навистина таа контактирала во сон со Ванѓа, како што тврдела самата. Година подоцна беше соопштено дека девојчето загинало во сообраќајна несреќа.

Но, во јануари од руската телевизија успеваат да го пронајдат детето и да направат долга репортажа за него. Според руските медиуми, едно од пророштвата на Ванѓа е дека таа ќе ја предаде нејзината дарба на жена од Франција. Русите се 100% убедени дека тоа е токму Каеда. Сличностите меѓу Французинката и Ванѓа се застрашувачки. Исто како Ванѓа, и детето покажува со прст кога ги искажува своите предвидувања. Си ги допира слепоочниците на ист начин, а веќе треба да носи очила, бидејќи видот ѝ се влошува и постои опасност да го изгуби.

За визите на Ванѓа велела: „Тоа не можеш да го исклучиш како радио.“

И Каеда гледа ноќе различни духови – мажи и жени. Таа најмногу се плаши од црн маж кој ѝ се јавува. Тука, Русите пак прават паралела со баба Ванѓа за која велат дека се плашела од некој маж.

И Каеда се плаши од маж, но се плаши и од бегалците. Вели дека масакрот во Париз е трагедија која ќе се повтори.

И водата за пиење ќе исчезне, предвидува Каеда. И Ванѓа велеше дека водата за пиење ќе стане поскапа од злато.

Facebook impact:

Објавено четврток, 03 ноември 2016 09:24:00
Напишано од Ирина


Последни вести