Осум знаци дека на вас е фрлена клетва

Многумина меѓу нас се убедени дека некој ги има проколнато. Проверете дали е тоа така.

img

За клетвите се напишани многубројни книги, а во нив пишува дека овие осум знаци можат да се издвојат како најчести показатели дека сте проколнати.

Ненадеен губиток на енергија: Ако сте „пукале“ од сила, сте биле преполни со живот и енергија, а наеднаш сте потонале и веќе немате волја за ништо, тоа може да биде еден од знаците дека на вас е фрлена клетва.

Финансиски загуби: Ненадејно ве покосиле финансиски загуби, ако сте изгубиле многу во некои влогови или одеднаш од стабилна ситуација сте влегле во безизлезна.

Ноќни мори: Ненадејно почнувате да сонувате чудни и застрашувачки работи. Многу се убедливи и многу ве оптоваруваат. Тоа може да бидат соништа за вашата смрт, змии, скорпии и падови од големи височини.

Црни знаци: Ако ненадејно ви исчезнало омиленото парче накит или необјаснето се расипало, тоа може да биде знак на клетва.

Facebook impact:

Објавено сабота, 26 ноември 2016 11:18
Напишано од Елена П




Барај

Последни вести