Ова се пораки од најголемите пророци: БАБА ВАНЃА, НОСТРАДАМУС И ТАРАБИЌ: Третата светска војна - почна!

Многу познати светски пороци се согласиле дека оваа година ќе биде година во која почнува Третата светска војна. Еве што за тоа, за војната на исламистите, колоните со бегалци кои навираат низ Европа, говори баба Ванѓа, Нострадамус и Тарабиќи.

img
ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ

Баба Ванѓа: Муслиманите ќе владеат со Европа

Бугарката Вангелија Гуштерова, позната под името баба Ванѓа, предвидела дека во 2010 ќе почне Третата светска војна, но така што спорови прво ќе избијат во земјите каде народот ќе војува меѓусебно, а дека подоцна тоа ќе почне да се шири низ целиот свет. Баба Ванѓа предвидела дека во 2020 година Европа ќе биде скоро празна, без луѓе и најавува дека во 2043 година на Стариот континент ќе завладеат муслиманите.

Баба Ванѓа навела дека муслиманите преживеаните Европјани ќе ги елиминираат со хемиско оружје. Во Франција потоа ќе зајакне партизанско движење против Исламистите. Слепата пророчица предвидела и дека Американците во 2066 ќе го нападнат Рим, кој тогаш ќе биде сосема муслимански град. САД  во нападот ќе користат ново воздушно оружје.

Ванѓа и во 2014 „видела“ за 3 случувања: Првото е големата поплава во пролетта. Другото „видување“ се однесува на Бугарија на која подобар живот после мај ќе и донесе висок човек кој доаѓа од странство. И на крајот како трето видување, Баба Ванѓа предвидела доаѓање на нови неволји и болести и тоа во форми полоши и од сида, која првенствено ќе ги погаѓа мажите.

Нострадамус: ИСИЛ "третиот антихрист"

Според некои толкувања на Нострадамус, колапсот на Европската унија ќе почне оваа година, во 2015 година. Ќе се формираат групи од по три земји кои ќе се создаваат свои цели во рамките на Унијата, што ќе доведе до слабеење и поделба на ЕУ. Нострадамус предвидел и неочекувани настани на Блискиот Исток, на кои западните сили го немаат вистинскиот одговор. Поточно, треба да следи големо обединување на муслиманите. „Од една арапска земја, ќе се роди наследник на Мухамед, ќе влезе во Европа со син турбан, ќе биде терор на човештвото. Никогаш нема да има поголем ужас".

Многу експерти веруваат дека Нострадамус во своите пророштва го најавува нападот на арапските и муслиманските држави, кои, како што кажува во неговите стихови ќе го уништи Израел, Египет, Азија, Африка, па дури ќе дојде и до Италија, каде што ќе биде запрен од два големи владетели. Нострадамус предвидува доаѓањето на третиот антихрист, после Наполеон Бонапарта и Адолф Хитлер. Тој го нарекувал Мабус и неговата појавата на светската сцена, ќе го означи почетокот на крајот на светот каков што го познаваме денес.

Дали третиот антихрист е Исламската држава како што многумина толкуваат, одговорот со сигурност не може да се даде. Но, во исто време, ќе се случува и нешто многу поопасно, бидејќи човекот ќе мора да се бори со силите на природата. Според Нострадамус ќе дојде до промена на половите на Земјата, што ќе предизвика нова ледена доба во одредени делови од планетата. Сегашниот Северен и Јужен пол ќе се стопат, но не поради глобалното затоплување,  туку поради преместување на поларните ледени капи! На површината која фи покриваат САД, на сегашните 50 степени географска ширина ќе се формира нов Северен Пол, а Јужниот пол ќе се најде  југо-западно од Австралија.

Објавено среда, 23 септември 2015 5:30:00
Напишано од Елена