Теоричари откриле дали Тито бил масон или не

Одредени теоретичари на заговори тврдат дека Јосип Броз Тито бил член на масоните. 

img

Многумина одат толку далеку што тврдат дека Тито бил и масон од 33. степен.

Сепак Големата ложба на Британска Колумбија и Јукона од Канада, на својот официјален сајт откриваат дека Тито не бил масон.

– Член на Црвената интернационална гарда по Октомвриската револуција, Јосип Броз Тито станува член на Коминтерната во 1934 година за да потоа Сталин го исфрли во 1948 година. За време на Втората светска војна го водел најмоќното движење во Европа, за да на 7 март 1945 година воспостави прва комунистичка влада во тогашна Југославија, велат тие.

 Според нивните зборови Тито зад себе оставил мешовите богатство.

– Од една страна беше критикуван како авторитативен владетел додека од друга страна остана запаметен и познат како некој кој инсистираше сите народи на Југославија да имаат загарантирани еднакви права. Имал водечка улога во движењето на Неврзаните, а во СФРЈ останал на власт се до својата смрт до 1980 година, истакнуваат во Големата ложа.

Тие напоменуваат дека теориите на заговор тврдат дека Тито во 1926 година станал член на масонската група „Либертас“ во Наполи, Италија. Сепак тврдат дека реалноста е поинаква.

– Тито всушност работеше како агитатор на Комунистичката партија во бродоградилиштето во Краљевица на јадранскиот брег во Хрватска од 21 септември 1925 година до 2 октомври следната година кога преминува во близина на Белград. Нема никакви докази дека патувал во Наполи во тоа време, велат од Големата ложа на Британска колумбија и Јукон од Канада.

 Истакнуваат дека на почетокот на Втората светска војна постоеле 27 ложи со 2.500 членови во Југославија.

– Слободните ѕидари беа забранети под нацистите што исто го доживеаа потоа и под Титова власт, иако непотврдени извори велат дека многу комунистички лидери биле предвоени масони. Значи, кога ќе се земе предвид, односот на комунист кон масон, Ложата на Тито била забранета, како и нерегулираниот престој на италијанската масонерија во тоа време и нема причини да се верува дек Јосип Броз Тито бил масон, заклучуваат тие.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено петок, 08 декември 2017 12:18:00
Напишано од Виолета