ВАТИКАН НА НОЗЕ: 1500 години стара Библија тврди дека Исус не бил распнат?!

На голема жалост за Ватикан, 1500-2000 години старата Библија којашто беше пронајдена во Турција и која се чува во етнографијата во Музејот во Анкара, открива дел кој се однесува на распнувањето на Исус.

img

Откриената книга која беше чувана во тајност скоро 2000 години, го дава Евангелието според Варнава, во кое тој го нарекува апостол Павле дека е „измамник“ и тврди дека Исус Христос не бил распнат.

Во Евангелието по Варнава се наведува дека Исус не е син Божји и не е распнат на крст, туку на него страдал Јуда Искариотски. Во оваа верзија на Христовиот живот, наводно постои сведоштво за неговата проповед која зборува дека новиот месија ќе се вика Мухамед и ќе биде Арап.

Турција тврди дека ги поседува оригиналните списи од Евангелието според Варнава, религиска книга напишана на животинска кожа на арамејски јазик што го говорел Исус Христос, а која наводно потекнува од 5. век. Многумина тврдат дека ова Евангелие би можело да ги разниша темелите на христијанството бидејќи ги отфрла тврдењата дека Исус Христос бил син Божји, дека е распнат, а потоа воскреснат.

Книгата беше запленета во една една антикриумчарска акција на турската полиција уште во 2000 година и оттогаш е чувана во тајност. Се проценува дека вредид 28 милиони долари. Ватикан официјално побара да ја испита нејзината автентичност.

Инаку, расправата за Евангелието по Варнава трае веќе векови. Во Исламот тоа се смета за единствено вистинско Евангелие. Наводно, Варнава тврдел дека е единствен современ сведок на животот на Исус Христос и сакал само да ја каже вистинстата за христијанството.

Истовремено, не ги признава главните темелли на христијанската вера, кои и Исламот ги отфрла. Експертите во ова евангелие пронашле многу нелогичности поради што неговата автентичност е под знак на прашање.

Според верувањата, Варнава е роден на Кипар, името му било Јосиф. Апостолите го нарекле Варнава (син на утехата) бидејќи умеел да ги теши луѓето. Со апостолите Павле и Марко го проповедал евангелието во Антиохија. Починал на Кипар, откако бил каменуван од Евреи.

Извор: chirapost.com

Тагови:

Facebook impact:

Објавено понеделник, 24 април 2017 02:15:00
Напишано од Виолета