Вознемирувачки докази: Не постои смрт на свеста, туку смрт на телото!

Можноста за живот по смртта е една од најголемите мистерии на човештвото, но сега експертите тврдат дека не постои смрт на свеста – само смрт на телото.

img

Според зборовите на некои угледни научници, квантната механика ѝ овозможува на свеста да живее и по евентуална пропаст на телото.

Додека научниците сѐ уште се несигурни по прашањето што е тоа свест, Стјуарт Хамероф од Универзитетот во Аризона тврди дека тоа е само информација која се наоѓа на квантно ниво.

Британскиот физичар Роџер Пенроуз се сложува и верува дека тој и неговиот тим пронашле доказ дека микротубулите се засновани на протеини – структурна компонента на човечките клетки кои носат квантни информации кои се наоѓаат на суб-атомско ниво.

Роџер вели дека ако лице привремено умре, овие квантни инфромации се ослободуваат од микротубулата во универзумот.

Меѓутоа, ако лицето оживее, квантната информација се пренесува назад во микротубулите и тоа е она што го предизвикува искуството на блиска смрт.

Роџер додаде: „Ако не го оживеат и пациентот умре, можно е оваа квантна информација да постои надвор од телото, можеби и бесконечно, како душа.“

Истражувачи од познатиот Институт за физика „Макс Планк“ во Минхен, се сложуваат и наведуваат дека физичкиот универзум во кој живееме е само наша перцепција и дека кога нашите тела умираат, постои бесконечност.

Д-р Ханс Питер Дур, поранешен шеф на овој Институт, истакна: „Она што ние го сметаме за овде и сега, овој свет, тоа е всушност само материјалното ниво што е разбирливо.“

„Овој свет има корени. На овој начин, нашите животи во оваа рамнина на постоење се веќе опфатени, окружени со следниот живот. Телото умира, но духовното квантно поле се продолжува. На овој начин, јас сум бесмртен.“

Др- Кристијан Хелвинг од Институтот за биофизчка хемија „Макс Планк“, додаде: „Нашите мисли, волјата, свеста и чувствата покажуваат особини кои би можеле да се наречат духовни особини. Ниту една директна интеракција со познатите основни сили на природната наука, како што е гравитацијата, електромагнетната сила и слични, не може да бидат духовно детектирани.“

„Меѓутоа, овие духовни карактеристики точно одговараат на карактериститките кои се разликуваат во екстремно збунувачкиот и чудесен феномен во квантниот свет.“

Се вчитува прикажувачот на видео...

Facebook impact:

Објавено сабота, 25 март 2017 19:40
Напишано од g0sh3




Барај