Загатка за научниците: Децата на Амишите се имуни на болести!

Децата на Амишите кои израснале на фармите во северната американска држава Индијана, не можат да се разболат од астма, дијабетес, алергија ниту од било која друга модерна болест која ги напаѓа младите.

img

Швајцарскиот научник Марк Холбрејхм заклучил дека постои нешто што ги штити амишките деца, но сѐ уште е мистерија.

Според скорешни истражувања, амишките деца се поздрави од децата во Европа. Исто така, интересен е фактот дека во последните 20 години се забележани само неколку случаи на амишки деца кои имале облик на алергија.

Голем дел од амишките семејства главно влечат корени од Швајцарија. Живеат во природа, далеку од градовите и се хранат исклучиво со органска храна која сами ја одгледуваат. Притоа, тие се и многу религиозни.

Аутизмот и дијабетесот им се непознати на Амишите

Во нивната заедница речиси нема аутизам, ниту поголем дел од современите болести кои ги погодуваат Американците. Немаат проблеми со дебелина, дијабетес или срцеви болести, а главно и не се вакцинираат. Јадат исклучиво органска храна која сами ја одгледуваат.

Живеат во заедница која, според сфаќањата на просечните Американци кои имаат проблеми со дебелина, дијабетес, срцеви заболувања, аутизам и кои ги зафати морална катаклизма – се води со старомодни идеали. Амишката исхрана се состои од органска храна, свежи, локално одгледани производи и тие не се вакцинираат. И покрај фактот што фармацевтската индустрија вложува големи суми пари во својата кампања и употреба на вештачки лекови, болестите на срцето, ракот и дијабетесот се готово непознати во амишките села.

Амишите не знаат што е ГМО

Тие јадат органски производи од стари сорти, користејќи само органско ѓубриво и никогаш не се сретнале со ГМО храна. Во текот на досегашните истражувања, регистрирани се околу три случаи на аутизам кај Амишите, а од тие три – две деца биле вакцинирани.

Прв случај било кинеско дете посвоено од Амиши, а кое претходно примило разни вакцини. Втор случај е дете од семејство кое го вакцинирало. Некои од научниците дури и предложуваат дека Амишите имаат ген кој ги прави имуни на болести кои го погодуваат современото општество.

Исто така, многумина од нив не студирале, но и покрај сѐ се многу интелигентни и писмени.

Се вчитува прикажувачот на видео...

Facebook impact:

Објавено недела, 04 декември 2016 17:16
Напишано од Ирина



Барај