Сеавус во тесна борба со светски најпознатите компании за игри

Дел од мобилните игри на Сеавус влегоа во финалето на светскиот натпревар за најдобри апликации за iOS платформата: BestAppEver. Апликациите на Сеавус се борат во директна конкуренција со светски најпознатите компании за игри: Zynga, Big Fish, Playtika и Electronic arts.

Во конкуренција од 70.000 апликации, две игри на Сеавус  успеаја да влезат меѓу десетте најдобри социјални игри, во категоријата за најдобри игри со коцки и во категоријата за најдобри казино игри.

Yatzy Ultimate е номинирана како една од најдобрите десет игри со коцки на светско ниво, и ја играат повеќе од 1.200.000 играчи во целиот свет, а најомилена е меѓу играчите од Скандинавија и Америка. Достапна е за речиси сите уреди на пазарот, во платена и бесплатна верзија: iOS, Windows 8 и Windows phone.

Black Jack Ultimate, пак, е играта која е номинирана за една од најдобрите 10 казино игри во светот. Ова е игра која ја играат милиони играчи од цел свет, а најголем број се од Америка. Достапна е бесплатно за iOS уредите.

Придружете се и вие кон милионите гласачи од цел свет кои го даваат својот глас за најдобрите iOS апликации и поддржете ги игрите кои излегуваат од македонската фабрика за игри на Сеавус! Гласајте на следните линкови и споделете со вашите пријатели:

Најдобри игри со коцки: http://bestappever.com/v/dcgm- Yatzy Ultimate

Најдобрите казино игри: http://bestappever.com/v/csgm- Black Jack Ultimate.

Гласањето е отворено само уште 3 дена - до 31 Јануари, 2013 година.

Натпреварот се организира еднаш годишно, од страна на Steel Media Network, светски лидер во маркетингот на аппликации.Селекцијата за најдобри апликации се состои од две фази од кои во првата се номинираат апликации и се одбираат по десет најдобри апликации во секоја категорија, а во втората се гласа за најдобрите од десетте во секоја категорија.

Сеавус во последната година успешно зачекори во индустријата за производство за игри, рамо до рамо со светски најпрестижните компании за производство на игри. Освен овие две игри, во портфолиото се наоѓаат уште неколку светски познати игри, а годинава се очекуваат уште повеќе да бидат објавени. Повеќе не мора да ги пребарувате интернет пребарувачите за да ги најдете вашите омилени игри – тие се достапни од страна на Сеавус на вашите уреди и наскоро на Facebook.

Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено понеделник, 28 јануари 2013 11:39:42
Напишано од admin