ДАЛИ ГИ ЧУВАТЕ: Ако имате некој од овие стари мобилни телефони, може да заработите стотици и повеќе евра!

Ако во некоја фиока или на друго место имате еден од постарите модели на мобилни телефони кои се сметаат за „класици“, би можеле да заработите куп пари, пренесе „Радио Сараево“.

img

Според објавениот водич, Nokia 3310 во Британија се продава за цена од 10 до 55 фунти, на страницата Olx.ba овие Нокии се продаваат по цена од 30 до 50 КМ (15 до 35 евра), на хрватски Njuškalo цената се движи околу 150 куни (20 евра), додека на Kupindo цената оди до 3500 динари (35 евра).

Ако имате Motorola Razr V3, може да ја продадете за 60 фунти (околу 70 евра), а Sony Ericsson W88i за околу 50 фунти (околу 60 евра).

Останатите модели на Nokia, како N95, можат да ви донесат околу 90 фунти, додека верзијата 9000 вреди неверојатни 500 фунти!

Сепак, највреден модел е Nokia Mobira Talkman од 1981 година, кој вреди неверојатни 500 фунти!

Сепак, крал на старите телефони е Motorola DynaTAC. Ако го чувате овој модел во добра состојба, за него може да добиете дури 3000 фунти (околу 3600 евра)!

Старите модели на iPhone се продаваат по цена од 1500 до 1000 фунти.

Facebook impact:

Објавено сабота, 10 декември 2016 19:51
Напишано од Ирина




Барај