Директорот на Твитер даде отказ

Оперативниот директор на компанијата Твитер, Ентони Ното, поднесе оставка од таа позиција, со цел да ја преземе челната функција во една друга компанија.

img

Ното на Twitter тимот му се приклучи во јули 2014 година кога беше именуван за финансиски директор, пренесува агенцијата АП.

По најновите вести, акциите на Твитер опаднаа за повеќе од три проценти, бидејќи Ното беше важен фактор во лидерскиот тим.

Ното заминува во компанија „Social Finance“, каде ќе ја обавува функцијата извршен директор.

Тагови:

Ентони Ното

Facebook impact:

Објавено среда, 24 јануари 2018 04:47:00
Напишано од емилија


Последни вести