Харвард ќе креира „таблета за генијалност”

Научници од Универзитетот Харвард сметаат дека „скицата на големиот мозок” направена со помош на скенери, ги потврдува заедничките точки на генијалците и на многу успешните луѓе, пишува интернет страницата „Лајф“.

img

Структурата на ткивата во мозокот на натпросечно интелигентните деца, е таква што активноста на одредени зони и состојбата на невронските врски гарантираат оригинални идеи.

Притоа, зголемената активност во некои делови на мозокот може да се постигне и по вештачки пат. Ова сознание не е ништо ново, веќе со децении научнииците вршат експерименти со големиот мозок, за вештачки да предизвикаат реакции кај луѓе и кај животни.

Сега науката оди чекор натаму.

Експертите од Харвард работат на специјална „таблета за генијалност”, со високоактивни својства кои ќе ја интензивираат активноста на точно определени центри во мозокот.

Facebook impact:

Објавено четврток, 18 јануари 2018 04:24:00
Напишано од емилија


Последни вести