iPhone е мртов, само што ние тоа се' уште не го знаеме?

Од петокот веќе започнаа предпорачките за новите iPhone 8 и iPhone 8 Plus уреди, но најголемо внимание и понатаму привлекува револуционерниот iPhone X.

img

“Десетката” e секако иднината на Apple ако зборуваме за паметните телефони, понесувајќи смел дизајн и нови технологии, но некои аналитичари сметаат дека токму овој модел ќе и пресуди на комплетната линија на производи на компанијата од Купертино.

Аналитичарите на компанијата UBS Стив Милутиновиќ и Бенџамин Вилсон, тврдат дека препознале фактор којшто многу веројатно ќе ги убие iPhone телефоните, како и паметните телефони воопшто, а тоа е токму Face ID технологијата.

- Историјата укажува дека само неколку продавачи на хардвер успеале да се задржат на врвот после доволно силен удар одоздоле, пишуваат аналитичарите.

- Меѓутоа, сметаме дека Apple сепак може да стане лидер во развојот на амбиенталната интелигенција и на тој начин да и се спротивстави на конкуренцијата.

“Амбиенталната парадигма”, за којашто ни говорат Милутиновиќ и Вилсон претставува иднина во којашто компјутерските уреди претставуваат се што не опкружува околу нас и се користат единствено само биометриски технологии како што е Face ID како би се разликувале луѓето.

Во таквото опкружување лозинките и геџетите ќе станат одвишок, бидејќи самото опкружување ќе претставува интелигентен систем, односно компјутер со којшто ќе се поврзуваме преку слушалки, часовници или други слични носиви уреди.

- Apple има филозофија за автоканибализам и препознавање на личние технолошки трендови. Делува дека тие веќе ги поставиле темелите на следната ера кај своите преодни производи како што се Apple Watch и AirPods, но и сервисите коишто обезбедуваат повеќестрани платформи. Очекуваме уште нови категории на уреди, велат во заклучокот овие аналитичари.

 

Тагови:

Facebook impact:

Објавено вторник, 19 септември 2017 05:14:00
Напишано од емилија