Како да се избришете од интернетот?

Ако ви здосади од вашето присуство на интернет, можеби е време целосно да се избришете од сферата на социјалните мрежи. Ви го пренесуваме водичот на Gizmodo за тоа како да го лоцирате и да го елиминирате секое ваше присуство.

img

Пред да отидете да го избришете профилот на МySpace, подобро би било да ги елиминирате вашите профили на четирите големи социјални мрежи: Facebook, Twitter, Google+ и LinkedIn, бидејќи се најпопуларни и поседуваат најмногу ваши податоци.

Очигледно е како да го деактивирате профилот на Facebooк. Account Settings > Security > Deactivate your account. Но ова е само за деактивирање на профилот, но не и за бришење на истиот.

За навистина да ја избришете вашата корисничка сметка, треба да отидете на страната Delete My Account и да го кликнете на големото сино копче. Процесот може да трае подолго бидејќи системот ја брише секоја ваша фотографија, лајк, таг и слично. По ова ќе нема ништо ваше на Facebook, процесот е неповратлив.

Но ако сакате да ги имате сите овие податоци, пред да го избришете отидете наAccount Settings > General > Download a copy of your Facebook Data > Start My Archivеи така ќе зачувате архива од вашиот Facebook.

За разлика од Facebook, деактивирање на Twitter значи и бришење. Ова е навистина лесно да го направите, одете на Account Settings > Deactivate my account > Okay, fine, deactivate account. Сепак, во случај да се предомислите серверите на мрежата ги чуваат податоците 30 дена по бришењето. Но потоа, нема да постои ништо ваше на Twitter.

LinkedIn

Бришењето на профилот на Google + е најтешко од сите социјални мрежи.

Важно е да го избришете профилот на Google +, но не корисничката сметка на Google (ако користите на пример Gmail). По најавувањето на Google +, кликнето на вашето име/мејл адреса во десниот агол и одберете Account Management > Delete profile and remove related Google+ features > Delete Google+ content. Ова ќе го избрише вашиот јавен профил со круговите и слично.

Доколку сакате да ја избришете цела корисничка сметка на Google +, направете го истото од горе, само што овојпат ќе одберете Delete your entire Google profile. Иако звучи страшно, не грижете се - сè уште ќе може да употребувате Gmail, Google Drive, и така натаму.

А ако сакате да ја избришете цела корисничка сметка на Google (мејл, календар итн.) одете на главната страна на Google Account, кликнете Close account and delete all services and info associated with it. По ова може да му кажете конечно „чао“ на Google.

Бришење на заборавените профили

Откако се отстранивте од 4-те главни социјални мрежи, време е да преминете на помалите и постари интернет сметки. Лоцирање и бришење на вашите сметки од останатите места на интернет ќе ви одземе малку повеќе време. За среќа, постојат алатки за оваа намена.

  • Account Killer има огромна податочна база на интернет страници, со повеќе од 500 на број. Истиот овозможува директен пристап до страните за бришење на сметките на сите овие интернет страници.
  • Just Delete Me е сличен сервис на овој, со тоа што вклучува и додаток за Chrome кој ќе ве извести ако препознае страница каде имате сметка и ќе ви даде директен линк до страницата за бришење.
  • Knowem, пак, наоѓа страници кои најверојатно сте заборавиле дека постојат, пребарувајќи низ постоечките кориснички сметки на преку 500 различни интернет страници.

 

Тагови:

Facebook impact:

Објавено среда, 02 август 2017 11:18:00
Напишано од емилија