Направен првиот телефон кој работи без батерија!

Научниците од Универзитетот Вашингтон во Сиетл успеале да направат телефон кој енергијата за функционирање ја црпи од својата околина и  истовремено му овозможува да работи без батерија.

img

Прототипот на овој уред е заснован на технологија која овозможува да рефлектира радио бранови и на тој начин да комуницира.

Освен тоа што на денешните мобилни телефони им е потребна голема количина на енергија за функционирање, овој уред користи аналоген начин на комуникација која е слична на шпионската  технологија за време на студената војна.

Разговорите со телефонот додека е без батерија нема да имаат врвен квалитет, но сепак се доволни за комуникација.

-Менување на човечкиот глас во дигитален сигнал бара доста сила. Доколку можете да комуницирате по аналошки пат, тогаш сте енергетски многу по ефикасни, истакнал Вамси Тала, еден од научниците во овој проект.

 

Тагови:

Facebook impact:

Објавено недела, 02 јули 2017 12:13:00
Напишано од емилија