Нова опција на Фејсбук – “самоуништувачки” статуси

Фејсбук тестира нова опција која на корисниците ќе им овозможи статуси кои сами ќе се бришат по одредено време.

img

Популарната социјална мрежа со овој потег сака да ги поттикне корисниците да користат само текст во своите статуси. Тестирањето на новата опција е започнато, а корисниците ќе имаат можност да одредат по колку време нивниот статус ќе исчезне од Фејсбук, пишува “Independent”. 

Оваа функција ја воочил еден од корисниците и ја споделил на “BuzzFeed”, потсетувајќи на времето кога статусите беа само реченици, а не фотографии, трејлери од филмови и слично. Се чини дека новата опција е инспирирана од Снепчет кој Фејсбук веќе неколку пати го копираше.

Новите, краткотрајни статуси ќе бидат ограничени на 101 карактер, а корисниците сами ќе одредуваат колку нивниот статус ќе биде видлив на мрежата и каде ќе биде видлив.

 

 

Facebook impact:

Објавено среда, 18 октомври 2017 08:12:00
Напишано од емилија