Со сигурен, модерен и ефикасен систем за комуникација до поголема безбедност

Во процедура е избор на најсофистициран систем за комуникација помеѓу контролата на летање во Скопје и тие кои полетуваат и слетуваат во земјава.

img

Контролорите во контрола на летање имаат витална улога во безбедноста на воздушниот сообраќај, но клучен фактор кој придонесува за поголема сигурност во нивната секојдневна работа е системот за гласовна комуникација

Контролата за летање преку својот систем за гласовна комуникација, што се одвива на релација воздух – земја и земја – земја, помеѓу авионите или со соседните центри за летање, ја гарантира безбедноста на целиот лет, но и на населените места. Ова подеднакво се однесува цивилното, спортското и военото воздухопловство и мора да биде овозможено од опрема со голема сигурност којашто е достапна 24 часа, 7 дена во неделата, 365 дена во годината.

На глобално ниво се повеќе се усовршуваат системите за контрола и за комуникација во авиосообраќајот. Ефикасен, соодветен и модерен систем за комуникација придонесува за што поголема безбедност во авиосообраќајот. 

М-НАВ, македонскиот провајдер за воздухопловна навигација е во процедура за избор на најсофистицираниот систем за комуникација помеѓу контролата на летање во Скопје и леталата кои полетуваат и слетуваат во Македонија, но секако и за комуникација со сите летови кои ја прелетуваат нашата земја. Систем што моментално се користи и е инсталиран на Солунска Глава и на два македонски аеродроми, е веќе застарен и потребна е негова замена со современ, ефикасен и адаптабилен систем. Искуствата од другите земји покажале дека најважно е да се имплементира систем и технологија со интернационални стандарди и секогаш со цел поголема безбедност за сите летови. 

Набавката на нов, оперативен и високо-ефикасен систем за контрола на летање ќе придонесе за поголема интероперабилност со соседните држави и поголем квалитет во контролата на воздушниот сообраќај што се базира на сигурни и напредни методи. Воедно, контролата на лет соодветно на зголемувањето на обемот на авиосообраќајот како и целосната софистицираност на овој вид траснпорт, треба да исполнува извесни стандарди и да одговори на побарувањата на релевантните аеродромски правилници во однос на безбедноста. 

Со цел да обезбеди интероперабилност, новиот комуникациски систем ќе го поддржува таканаречениот концепт „виртуелен центар“, којшто обезбедува флексибилност во оперативноста во зависност од тековниот број на летови. Слична програма под иницијативата „FAB – Functional Air Block" веќе се користи меѓу аеродромите во Романија и Бугарија (“FAB Danube”) како и помеѓу Еуроконтрол и Франција (“FABEC – FAB Europe Central”). 

Партнерите во рамките на овие програми поставуваат витална пресвртница за визијата наречена Единствено европско небо, избирајќи индустриски партнери со докажана експертиза во националните и меѓународните програми за модернизација на контролата на воздушниот сообраќај. Таквите програми им овозможуваат на авиокомпаниите да заштедат на трошоци поради флексибилните рути на нивните летови и да им овозможат на провајдерите на воздушна навигација, како М-НАВ да обезбедат најдобра услуга за своите клиенти. 


 

Тагови:

Facebook impact:

Објавено четврток, 22 јуни 2017 04:34:00
Напишано од емилија