ВИДЕО:Samsung Galaxy S8 и Galaxy S8+

Како што знаете оваа година беше предизвик за Samsung. Но и година полна со иклучителни лекции, тешки одлуки и важни нови почетоци“, вели Диџеј Ко (DJ Kho) на презентацијата.

img

Разликата помеѓу двата телефони сепак не е голема како во случајот на Apple. Galaxy S8 доаѓа со 5.8-инчен екран, а Galaxy S8+ со 6.2-инчен екран. Остатокот на хардверот е речиси идентичен кај двата уреди. Телефонот од двете страни е заштитен со Gorilla Glass 5. Читачот на отпечатоци е поместен на задната страна, а за заштита е достапен и скенер на око.

Хардверот на Galaxy S8 е сместен во куќиште со димензии 148,9 x 68,1 x 8,0 mm со тежина 152g. Galaxy S8+ пак доаѓа со димензии 159,5 x 73,4 x 8,1 mm и тежи 173g. Екранот и досега беше импресивен на уредите на Samsung, а овојпат е Quad HD+ со резолуција 2960×1440, (570ppi) на S8 и 529 ppi на S8+ уредот.

Процесорот во двата случаи е сличен. Осум-јадрен (2х4-јадра) 10nm процесор, Snapdragon 835. Работната фреквенција е 2,3 и 2.35 GHz при поголем товар и 1.7 и 1.9 GHz кога процесорот работи на економичните јадра. Двата уреди доаѓаат со 4GB LPDDR4 RAM и 64GB (UFS 2.1) диск.

Капацитетот на батеријата е 3000 mAh и 3.500 mAh, а батеријата може да се полни и бежично. Стандардно телефонот доаѓа со 2 камери. Главна камера: Dual Pixel 12MP OIS (F1.7) и предна камера: 8MP AF (F1.7).

Се вчитува прикажувачот на видео...

Тагови:

Facebook impact:

Објавено четврток, 30 март 2017 12:12:00
Напишано од sasho