15 работи кои МОРА да ги имате зима во автомобилот

 

Надвор е ледено! Во буквална смисла на зборот. А на вас секој ден ви е потребен автомобилот за патување и пристигање на работното место.

 

img

 

 

Во продолжение ви прикажуваме 15 работи кои СЕКОГАШ треба да ги имате во вашиот автомобил во зимските месеци – бидејќи да се биде добро подготвен никогаш не штети!

1. Ќебе

За сите оние ладни ноќни патувања , или во случај греењето да ви замрзне.

2. Ќибрит и Факел

Ова е најдобриот начин како да повикате помош на улица.

3. Додатна течност за ветробанското стакло

Обавезно мора да имате антифриз за да може да издржи на потенцијалниот снег и лед.

4. Гребалка за лед

За секој случај доколку ве изневери антифризот.

5. Очила за сонце

Никогаш не го потценувајте отсјајот на сонцето во снегот.

6. Преносен полнач за вашиот мобилен телефон

Затоа што по три итни телефонски повици и две пораки на Вибер одеднаш батеријата ви е на 14%

7. Помошни кабли

Ладните ноќи можат да бидат причина за проблеми со акумулаторот.

8. Лопата

Можеби дури и најважната работа која ви треба во автомобилот кога неочекувано ќе завее снег.

9. Ракавици

Надвор е ладно. А вие мора да го исчистите снегот околу автомобилот

10. Лед светилка

НИКОГАШ не се потпирајте само на својот мобилен телефон

11. Сол

За сите заледени подрачја на кои може да налетате

12. Енергетски плочки

Нема ништо полошо од тоа да сте гладни и заглавени во сообраќајаат на -10

13. Вреќичка песок

Чувајте ја во багажот како додатна тежина на лизгавиот пат.

14. Шише вода

Хидратацијата е секогаш неопходна и во секој момент, особено ако постои можност да заглавите во снеот и на студот.

15. Кутија за прва помош

Никогаш не знаете што се може да се случи поради условите на патиштата. 

 

 

Facebook impact:

Објавено четврток, 12 јануари 2017 12:03
Напишано од Емилија



Барај