Дали ги исклучувате апаратите кога грми? Еве што смеете а што не смеете да користите кога грми!

Вчера во некои делови од земјата имаше невреме. За громовите се врзани многу народни верувања, па се вели дека ако за прв пат во годината слушнете гром треба да легнете на земја за да не ве бол грбот. Но она што е поврзано со громовите а не е суеверие или глупост е дека мора да ги исклучите електричните апарати од струја.

img

Знаете дека громот доколку удри во некој од нив целосно ги уништува апаратите. Кај нас стандардниот напон е 220 волти, а громот може да ослободи дури и до неколку милиони волти и тоа е причината што тој може без проблем да ги уништи апаратите. 

Единствен начин да го спречите тоа е да ги исклучите апаратите од струја. И многу важна работа е ако немате струја никако немојте да ги вклучувате апаратите веднаш откако ќе се врати. Треба да почекате барем неколку минути.

Што да правите за време на невреме: 

-Сокријте се во затворена просторија и затворете ги вратите и прозорците. 

-влезете во автомобил

-бидете подалеку од дрва, никако под нив

-избегнувајте чадор со метален врв затоа што особено ги привлекува громовите. 

Facebook impact:

Објавено недела, 13 август 2017 02:34:00
Напишано од Емилија