Денес е Црна среда! Кој ќе згреши, гревот вечно ќе му стои

Ако денес има облаци, годината до следниот Велигден ќе биде тешка, година на бедата и оскудација.

img

Неделата по Велигден е полна со народни обичаи и верувања.

Денешниот ден е првиот работен ден по Велигден, кога верниците се враќаат на својот нормален живот, а во село луѓето се враќаат на селските работи, домаѓинството и стоката.

Имено, се верува дека денес е „црна среда“, а нашите прадедовци и дедовци верувале дека вечерва обавезно треба да се гледа во небото и да се чека знак. Тој кој вечерва ќе здогледа ѕвезда што паѓа ќе биде среќен и наредната година, а оние на кои неодамна некој им починал треба вечерва да го погледнат небото и да гледаат дали ѕвездата што паѓа припаѓа на починатиот.

Според народните верувања, среда е навистина поволен ден, а особено младата среда, за секоја човечка работа или преземање поголеми чекори.

Во минатото, на овој ден луѓето се воздржувале од зли мисли и лоши дела, бидејќи кој ќе згреши денес, гревот му останува до судниот ден. Не постои ниту една црква каде што тој што згрешил денес ќе може да се помоли и исповеда, за гревот да му се прости.

Facebook impact:

Објавено среда, 19 април 2017 06:06:00
Напишано од Виолета


Последни вести