Денес е задушница, еве што треба да направите

Според календарот на Македонската православна црква во сабота е Задушница. 

img

Задушница секогаш паѓа во сабота зошто Исус тој ден, пред воскресението во недела, го поминал упокоен.

Тоа е денот кога православните верници одат на гробовите на најблиските, раздаваат понади и палат свеќи. Сеќавајќи се на своите покојни предци, христијанските верници на овој ден се молат на Бога за простување на гревовите и за своите предци.

Се верува дека ако на Задушница не им се запали свеќа на мртвите, тие цела година ќе бидат во мрак. Доколку верниците не се во можност да запалат свеќа на гробиштата на блиските, може тоа да го направат и во црква, каде обично се носи и пченица која по молитвата попот ја залева со цевено вино. 

Тагови:

Facebook impact:

Објавено сабота, 10 февруари 2018 12:48:00
Напишано од Виолета


Последни вести