Денеска е Св. Екатерина – денес се моли оној кој сака да ја пронајде љубовта

Честит именден Катерина, Катица, Ката…

img

Света Екатерина потекнувала од царско семејство. Татко и умрел наскоро по нејзиното раѓање, па така таа останала да живее со мајка си во Александрија. Била одлично школувана и надарена со голема телесна убавина. Мајка и која била потајно христијанка ја научила на верата во Христа.

На 18 годишна возраст Катерина била ретко убава, паметна и образована девојка со познавање на филозофијата, литературата, а особено ги совладала медицинските науки.

За време на гонењето на Максентиј, кога света Екатерина имала 18 години била изведена пред суд и погубена заради нејзината истрајност во верата. Пострадала во 310 година.

Нејзините чудотворни мошти се пазат во Синајскиот манастир што го носи нејзиното име. Мошне е позната и почитувана и во Македонија, особено заради силните врски на македонската Црква со Синајскиот манастир.

Тагови:

Св. Екатерина

Facebook impact:

Објавено четврток, 07 декември 2017 11:07:00
Напишано од емилија