Еве како да препознаете фалсификат 100 евра

Најфалсификувана банкнота е онаа од 100 евра. За да не ве „закрпи“ некој, а и за да не се наместите па да подметнете и ни криви ни должни фалсификувани пари, треба да знаете по кои обележја да препознаете дали банкнотата е вистинска или не. 

img

На светло мора да се гледа водениот жиг. На заштитната нитка (на сребрената лента), внатре, кога подобро ќе се заврти кон светло, треба да се види дека пишува „100 euro“. На холограмот треба да се менуваат боите, а ознаката 100 мора да се осети и под прсти. Најважно од сѐ – на задната страна бројот мора да се прелева од виолетова во кафена боја. 

Тагови:

Facebook impact:

Објавено недела, 10 декември 2017 03:49:00
Напишано од Виолета