Ги консумирате секој ден, но ова не сте го знаеле

Некои од најпопуларните јадења или закуски во кои уживате настанале сосема случајно.

img

Американски кекси

Пред 1930 година кексите со парчиња чоколадо едноставно не постоеле, меѓутоа Рут Вејкфилд тоа целосно го променила. Еден ден таа се обидела да направи обични чоколадни кекси, со Нестле чоколадо верувајќи дека чоколадото ќе се стопи. Меѓутоа тоа останало во истата форма, па денес може да уживаме во нив.

 

Корнет за сладолед

Корнетот за сладолед е „измислен“ во 1904 година на саем во американскиот град Сент Луис и тоа благодарение на брзината на размислување на Ернест Хамви. Во тој дел на Америка летата се многу топли, па голем број луѓе купувале сладолед на саемот.

На продавачот му се потрошиле чиниите во кои служел, па Ернест кој покрај него продавал сириски вафли, ја спасил ситуацијата.

Своите вафли ги направил во денес препознатливиот облик во кои можело да се служи сладоледот, поставувајќи стандард кој трае и денес.

Пиво

Старото пиво случајно е измислено уште во Месопотанија пред околу 10.000 години. Древните Месопотамци животот го чувале во огромни силоси кои често биле изложени на разни временски услови. Поради тоа житото понекогаш станувало влажно и ферментирало во одреден вид на пиво, секако интересен е фактот дека некои луѓе тогаш одлучиле да ја вкусат необичната течност.

Чипс

Чипсот е „измислен“ благодарение на Џорџ Крам, шеф на кујна во едно американско одморалиште кој не ги прифаќал најдобро критиките на посетителите на неговата храна. Кога еден гостин упорно приговарал за помфритот кој бил преголем и мек, Крам одлучил да го исече компирот на најтенки парчиња за да му одржи лекција на гостинот. Меѓутоа оваа крцкава верзија на помфритот многу им се допаднала на гостите што станала вистински хит.

 

Тагови:

Facebook impact:

Објавено сабота, 20 јануари 2018 02:03:00
Напишано од емилија