Не знаете што да подготвите за вечера?Пица во шолја готова за две минути

Пица во шолја готова за две минути

img

Потребни состојки:

  • 4 лажички брашно
  • 1/4 лажичка прашок за печиво
  • прстофат сода бикарбона
  • 1/4 лажичка сол
  • 3 лажички млеко
  • 1 лажичка маслиново масло
  • 1 лажичка сос од домати
  • 1 преполна лажичка рендан кашкавал
  • 5 парчиња мини колбаси
  • 1/2 лажичка мешавина од зачини (оригано, босилек, бибер или зачини по желба)

Начин на подготовка:

Прво помешајте го брашното, прашокот за печиво, содата и солта, па додајте ги млекото и маслото. Потоа со виљушка убаво измешајте ги состојките за да добиете тесто. Врз тестото ставете сос од домати, кашкавал, колбаси (или кој било друг сувомеснат производ) и сипете ги сите зачини. Ставете го тоа во микробранова и оставете го да се пече минута и 10-20 секунди, или додека не забележите дека на површината се јавуваат оние прекрасни меурчиња.

Се вчитува прикажувачот на видео...

Тагови:

Facebook impact:

Објавено недела, 13 август 2017 06:25:00
Напишано од Емилија