Необично правило: Четиригодишно момче било испратено дома поради должината на косата

Правилата на облекување служат како водич и помош образовните институции да бидат кохезивни места за учениците.

img

За жал, се чини дека некои необични произволни правила стануваат норма, па така неодамна едно четиригодишно момче било испратено дома поради должината на својата коса. Неговата мајка Џесика Оатс од Тексас била во шок кога нејзиниот син бил испратен дома. 

Сепак, од градинката откриле дека мајката била свесна за ваквата политика, а персоналот веќе претходно ја известил дека нејзиниот син треба да има службена потврда која наведува религиски или културален исклучок, со кој детето ќе може да ја задржи должината на косата. Имено, нивното правило јасно наведува дека момчињата кои ја посетуваат градинката мора да имаат коса која е над очите, ушите и вратот.

 

“Тој е онаков каков што е. Не верувам во такви правила и нема да му ја скратам косата. Сметам дека децата треба да имаат еднакви можности и прилика за образование, без оглед на нивниот изглед”, вели Џесика за локалната телевизија.

Нејзината приказна набрзо се проширила на социјалните мрежи, а многу родители застанале на страната на оваа мајка и правото детето да ја задржи должината на косата.

 

Facebook impact:

Објавено вторник, 12 септември 2017 02:30:00
Напишано од емилија