Откриена лото измама на векот

Извлекувањето на Лото во Ирска минатиот викенд станало главна тема во таа земја.

img

Без разлика дали сте посветени на играње лото или го сметате за губење на време, ќе се согласите дека секој испад на ова извлекување е повеќе од интересен, бидејќи секоја евентуална грешка со себе влече низа контроверзни прашања, а зборот кој најмногу се споменува е "местење". 

Забавата за милиони луѓе и надежта дека ќе добиете пари, е прогласена за измама на векот.

Причината е едноставна - во барабанот имало топче со два броја, 33 и 38. На едната страна го пишувало едниот, а на другата другиoт број. 

Гледачите биле шокирани, а сега сите тврдат дека лотаријата е наместена. 

Водечките луѓе на лотаријата реклe дека станувало збор за рефлексија, односно дека било извлечено бројчето 38, но дека едната осмица не се гледала добро поради светлото насочено во самото топче. 

 

Facebook impact:

Објавено вторник, 10 октомври 2017 03:24:00
Напишано од емилија