Ова бебенце ќе ве воодушеви со неговите пливачки способности

Мајката Роксан Тарнер му даде на синот Макс лекција за пливање која го воодушеви детето. Се бореше да не потоне и се трудеше што подобро да ја одработи својата задача.

img

Роксан Тарнер од австралискиот град Перт го запиша својот 9 месечен син Макс, на тренинг за пливање. Го сними видеото во кое инструкторката го фрла детето на глава во вода и го пушта да плива, а неговата борба да не потоне е преслатка.

Детето се намачи додека да сфати на која страна треба да излезе од водата, но пота без проблем се сврте на грбот и зема воздух.

Научно е докажано дека децата се раѓаат со рефлекси кои им овозможуваат без проблем да пливаат и гњурат, но на родителите баш и не им е сеедно и не ги пуштаат блиску до вода, а уште помалку во неа.

Но, Роксан одлучи на својот Макс да дозволи незаборавно искуство, во кое се чини тој уживаше…

 

Тагови:

пливање бебе

Facebook impact:

Објавено понеделник, 13 ноември 2017 05:46:00
Напишано од емилија