Ова сигурно не сте го знаеле за сланината

Неочекувани и помалку познати факти за сланината.

img

Доколку мислите дека знаете се за овој сувомесен производ, размислете малку подобро. Во продолжение прочитајте ги 7-те факти за сланината кои може ќе ве изненадат.

1.Лечи мамурлук

Британски истражувачи од универзитетот во Њукасл го поврзале консумирањето на сланина со намалување на последиците од мамурлукот. Откриено е дека сланината содржи аминокиселини кои помагаат да се надоместат неуротрансмитерите чиј број брзо опаѓа поради интензивното пиење алкохол.

2.„Заведува“ со мирисот

Мирисот на димена сланина бил инспирација за цела палета на производи вклучително и тоалетна вода креирана уште во 1920 година од париски месар. Производот содржел 11 есенцијални масла, од кои едно потекнувало токму од димена сланина.

3.Го освежува здивот

Заборавете на пастата за заби со етерични масла од хибискус, ментол и други освежителни билки – побарајте ја онаа со мирис на сланина. Пастата со оваа димена состојка ги чисти забите на традиционален начин, но и ви гарантира свеж здив.

4.Најдобро се пржи во рерна

Спротивно од мислењето на повеќето – најкрцкавите кришки сланина ќе ги добиете ако ги испечете во рерна. Наместо во тавче, парчињата сланина славете ги на хартија за печење, па во рерна.

5.Предизивикува зависност

Ново истражување покажува дека исхраната богата со калории и маснотии, вклучувајќи го и честото консумирање на сланина го стимулира центарот на мозокот задолжен за уживање. На овој начин предизвикува телесна потреба која се граничи со зависност.

6.Се слави на државно ниво

Некои нации се толку опседнати со сланината што им посветуваат посебно внимание и манифестации. Саботата пред празникот на работата во САД се смета за неслужбен ден на сланината. Љубителите овој ден уживаат во храната и пиењето испирирани од овој сувомесен производ.

7.Помага во памтењето

Сланината содржи микронутриент наречен колин, кој е важен за развој на делот од мозокот резервиран за памтењето. Една студија сугерира дека оваа состојка може да придонесе за подобар развој на мозокот кај нероденото дете доколу бремената жена консумира храна богата со тој елемент.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено недела, 11 февруари 2018 08:34:00
Напишано од емилија


Последни вести