Оваа математичка задача ги збуни сите: Кој е во право?

Навидум проста математичка задача за трето одделение, ама предизвика бура од коментари и паметување на социјалните мрежи. На крајот, се чини дека никој со сигурност не може да тврди кој е во право, дали ученикот или оној кој го „поправил“.

img

Дека сите можеме да се збуниме на проста математичка задача покажува и примеров кој неодамна се појави на друштвените мрежи.

Имено, поставена е следнава задача:

Ана прочитала една приказна, а Петар три приказни повеќе од Ана.  Колку приказни прочитале Ана и Петар заедно?

Момчето одговорило дека Ана и Петар прочитале вкупно 5 приказни, меѓутоа учителот го поправа ученикот, го пречкртува неговиот одговор и наведува дека точниот одговор е 4 приказни.

Релевантни лица од други основи училишта, потврдуваат дека детето е во право, но требало постапно да ја решава задачата, односно 1+3=4

Што мислите вие?

Тагови:

Facebook impact:

Објавено среда, 06 декември 2017 10:15:00
Напишано од Виолета