Побрзај, маж ми ќе се врати од работа

Хантер Деј е 22 годишна омажена професорка во средно училиште од Оклахома, обвинета за силување откако е фатена во сексуален однос со свој малолетен ученик.

img

Минатата среда е покренато обвинение поради силување и заведување на малолетник „со помош на технологија“, пишува во судските документи.

Професорката е фатена на 15 ноември во внимателно организирана акција на тамошната полиција. Истрагата за однесувањето на Деј почнала поради обвинувањата на родители кои се посомневале во врска со нивниот син.

Родителите на момчето стигнале во канцеларијата на полицискиот началник со мобилниот на својот син и побарале форензичко вештачење на содржината на истиот. На истражувачите им кажале дека веќе пронашле пораки и разголени фотографии во телефонот и дека загрижени дека веќе имало сексуален однос.

Со вештачењето е откриено дека ученикот и професорката веќе имале сексуален однос и дека договарале нова средба во нејзината куќа на 15 септември.

Со помош на телефонот на малолетникот ја контактирале професорката глумејќи нејзин љубовник и прашале дали договорот се уште важи.

Таа одговорила потврдно и барала од ученикот на дојде што побрзо, затоа што нејзиниот сопруг, исто така професор во истото училиште наскоро се враќал од работа.

Кога полициските истражувачи стигнале до нејзината куќа и пратиле порака дека се пред вратата. „Отклучено е како и обично“, напишала таа.

Кога влегле внатре ја фатиле професорката во дневната соба на кауч со запалени свеќи. На себе имала маица со божиќна тематика (мачка со капа од Дедо Мраз и кратки “жешки“ панталони.

Веднаш и откриле зошто влегле, а таа веднаш се признала. Исто така признала дека на ученикот му праќала фотографии од себе во долна облека, а тој и праќал фотографии од своите гениталии.

-Ова е класичен пример на сериозно прекршување на довербата во јавноста. Задачата на професорот е заштита и образување на нашите деца, а не впуштање во недозволени сексуални односи со нив, изјавил полицискиот началник Крис Вест.

Хантер Деј е однесена во истражен затвор со обвинение за силување, поседување на детска порнографија и сексуално заведување на малолетник со помош на технологија. И одредиле кауција од 85.000 долари.

Пред да почне да работи во средното училиште Хантер Деј за локалните медиуми изјавила дека се плаши дека поради годините учениците нема да сфаќаат сериозно.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено понеделник, 04 декември 2017 06:50:00
Напишано од емилија