Почина најстариот човек во светот кој го преживеа холокаустот

Најстариот човек на светот Израел Кристал кој го преживеал холокаустот, почина во Хаифа на 113 години.

img

Ќерката на Кристал, Шуламит Кристал ја потврди веста за неговата смрт.

Гинисовата книга на рекорди во март 2016 година на Кристал му додели титула за најстар човек на светот.

Кристал 113-от роденден го прослави на 15 септември 2016 година.

Кристал е роден на 15 септември 1903, во полскиот град Зарново, во 1944 година е депортиран во нацистичкиот логор во Аушвиц.

Во холокаустот ја изгубил сопругата и две деца. Во Израел емигрирал во 1950 година. Позади себе остави седум деца, внуци и правнуци.

Facebook impact:

Објавено недела, 13 август 2017 12:20:00
Напишано од Емилија