Погледнете како изгледа најскапата венчаница на светот

Американскиот дизајнер Рим Акра неодамна претстави ултра гламурозна и скапоцена венчаница, којашто би претставувала остварување на соништата за многу идни невести.

img

Таа чини неверојатни 2.14 милиони долари и со тоа ја понела титулата – најскапа венчаница на светот.

Венчаницата е декорирана е со рачен вез и блескави дијамантски брошеви во облик на вилински коњчиња и пеперутки, коишто потекнуваат од компанијата Tiffany & Co. Високата цена е оправдана поради неверојатните 165 карати дијаманти и 61.91 карати драги камења!

Оваа луксузна венчаница е претставена на ревијата којашто била одржана во Tiffany & Co. бутикот на Петтата авенија. Чисто колку за споредба, цената на оваа венчаница е за 144 пати повисока од сумата којашто жените во Обединетото Кралство вообичаено ја користат за купување на истото парче облека

На следната страна погледнете како изгледа најскапата венчаница на светот

Објавено вторник, 16 мај 2017 6:22:00
Напишано од Виолета