Полицијата лесно го најде: Сакал да препродава карти за Супер купот-оставил телефон и адреса

Полицијата приведе 41-годишен скопјанец, кој се обидел да препродава билети за претстојниот натпревар од УЕФА Супер куп, меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид кој ќе се игра вечерва на Националната арена „Филип Втори“.

img

Скопјанецот  нудел и рекламирал карти на интернет за продажба по цена од 600 евра. Тој се обидел да продаде две карти, оставил телефон за контакт и адреса, по што службите го лоцирале и го привеле. Како докази, одземен му е компјутерот, телефонот и сим-картичките.

Неодамна Собранието на Република Македонија едногласно ги донесе предложените измени и дополнувања на кривичниот законик според кој со истиот се воведуваат санкции за фалсификување и нелегално продавање билети за Супер купот на Европа меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено вторник, 08 август 2017 10:10:00
Напишано од Емилија