Раскошна венчавка на ќерка на претседателот и бизнисмен

Кахијанг Ају, е 26 годшната ќерка единица на претседателот на Индонезија, Јоко Видодо. Нејзината раскошна венчавка беше во склад со јаванлоте обичаји, а целата нација церемонија ја следеше по пат на малите екдрани. Покани добиле околу 8.000 лица, меѓу кои и бројни политичари, но без звучни меѓународни имиња, пишува Би-Би-Си.

img

Венчавката и парадата се одржани во средата во родното место на претседателот во градот Суракарт, познат и како Соло во централна Јава. На парадат учесниците носеле етнички костими од сите делови на оваа земја.

Вечерта пред венчавката, гордите родители и ги објасниле на ќерката деталите од јаванската традиција. Младоженецот Мухамед Боби Афиф Насутион е бизнисмен кој се занимава со недвижности.

На парадата која е одржана по повод венчавката, гостите биле облечени во носии кои одговраат на краевите од кои доаѓаат, пишува Би-Би-Си.

Претседателот исто така организирал и превоз на гостите на венчавката. Цел му било на венчавката да учествуваат сите друштвени сталежи, а и неговиот народ нешто да заработи од венчавката.

Јоко Видодо бил прв градоначалник на Соло, а потоа и гувернер на Џакарта, пред да стане претедател во 2014 годинал. Често се нарекува Јокови и доста е популарен кај Индонезијците.

Facebook impact:

Објавено понеделник, 13 ноември 2017 07:52:00
Напишано од емилија