Разубавете го домот: 5 совети со кои ќе го искористите најдоброто од есента

Време е да го “облечете” вашиот дом во есенско руво и да го трансформирате во дом од соништата со само неколку интересни детали.

img

Волнена прекривка

Плетените волнени прекривки изгледаат одлично како декоративен детаљ. Освен што се визуелно атрактивни, тие имаат мека текстура бидејќи се изработуваат од фина волна.

Впечатливиот детаљ во просторот може да функционира како украс – само лежерно префрлете ја волнената прекривка преку каучот или фотелјата во дневната соба.

Кадифени перничиња

Кадифето е материјал кој некогаш бил резервиран само за кралските семејства и благородниците. Овој отмен и софистициран детаљ ќе ги воодушеви сите љубители на луксузните ентериери.

Одберете неколку украсни перничиња кои можете да ги поставите на каучот или на вашиот кревет. Мекиот материјал ќе внесе топлина и доза на елеганција во просторот.

Есенско цвеќе и плодови

Со есенските декорации можете да ја украсите трпезаријата, балконот или пак омиленото место во домот. Поставете неколку тикви на прозорците или пак наполнете стаклена вазна со костени, ореви и желади, во комбинација со бршлен или сончоглед за поефектен изглед.

Со малку златна, портокалова или друга есенска нијанса, вашиот дом ќе изгледа прекрасно.

Дрвени детали

За создавање на топол и удобен простор, внесете природни материјали како што е дрвото. Додадете еден или повеќе парчиња дрвен мебел како што се трпезариските столчиња, дрвен часовник или мала дрвена масичка за во дневната соба.

Впечатлив тепих

За потполн изглед, одберете тепих или простирка со мотиви и комбинации на бои кои верно ќе ја отсликаат есента. Златната, жолтата или портокаловата простирка се интересен избор со кој ќе го освежите просторот.

 

Тагови:

Facebook impact:

Објавено вторник, 12 септември 2017 06:01:00
Напишано од емилија