Спајдермен дошол на погреб на петгодишно момче– кога ја симнал маската сите заплакале

Полицаецот Дејмон Кол го пронашол Џошуа (5) во базен зад неговата куќа во Тексас. Иако прв одговорил на пријавата за исчезнувањето на момчето и набрзо успеал да го пронајде, сите негови обиди да му го спаси животот беа залудни.

img

Момчето починало од последиците на давање, а овој полицаец секој ден живее со тоа.

Кога го извлекувал момчето од водата, забележал дека Џошуа носел  маичка и патики со ликот на Спајдермен.

Со оглед дека овој херој му бил омилен на настраданото момче, неговото семејство го замолила полицаецот да дојде на погребот токму во костум на овој херој.

Тој го сторил тоа, како симболичен поздрав на малиот Џошуа. Момчето е погребано исто така облечено во костум на Спајдермен.

Инаку овој полицаец е познат по тоа дека често посетува болници во кои се сместени децата кои боледуваат од рак и таму, облечен во костум на херој, се обидува барем малку да им го разубави денот и да им ја врати верба

 

Тагови:

Facebook impact:

Објавено недела, 11 февруари 2018 08:38:00
Напишано од емилија


Последни вести