За совршени веѓи, потребен ви е кромид?!

Ако планиравте да одите на јапонско исцртување на веѓите, заборавете на таа идеја. Овие неколку нешта со сигурност ќе ви помогнат да дојдете до убави и густи веѓи!

img

Витамински гел

Направете домашен витамински гел со којшто ќе ги потхраните коренот и влакната од вашите веѓи. Освен што ќе бидат поцврсти, со помош на оваа мешавина ќе изгледаат и блескаво и мазно. Измешајте мала лажичка гел од алое вера, две мали лажички рицинусово масло и две капсули витамин Е. Откако добро ќе ги измешате состојките, смесата нанесете ја на веѓите со четка или прст и оставете ја да отстои во текот на ноќта.

Сок од кромид за побрз раст

Колку неверојатно и да звучи, кромидот и тоа како помага во зајакнување на фоликулите, потхранување на влакната и забрзување на растот. Една мала главица кромид исецкајте ја на поситни парчиња, ставете во газа и исцедете го сокот. А потоа сокот нежно втривајте го во веѓите околу пет минути, а потоа исплакнете со ладна вода. Или пак за поедноставно, премачкајте ги веѓите со парчиња кромид.

Маска од млеко

На сите нас ни е познато дека млекото изобилува со битамини од групата Б, калциум, протеини и млечна киселина, и како такво го поттикнува производството на колаген. Со полномасно млеко премачкајте ги веѓите, оставете додека да се исуши, па исплакнете со вода.

Сок од лимон

Сокот од лимон ги зацврснува влакната. Веѓите премачкајте ги со чист сок од лимон, а после дваесетина минути исплакнете со ладна вода. Или пак, измешајте сок од лимон со кокосово масло и добиената смеса нанесете ја на веѓите секој ден пред да си легнете. Бидете внимателни кога станува збор за лимонот, со оглед на тоа дека под дејство на лимонската киселина веѓите може значајно да осветлат.

Жолчки

Ова е една сосема едноставна, а исклучително корисна состојка. Со оглед на тоа дека жолчката изобилува со витамини и протеини, таа помага за веѓите да бидат погусти. Изматена жолчка нанесете на веѓите и оставете така да отстои дваесетина минути, а потоа исплакнете.

Вазелин за совршен облик

Освен што ќе помогне за хидратација на веѓите, вазелинот ќе ги потхрани и ќе им помогне за подолго да го задржат атрактивниот облик. Може да го нанесувате со стапчиња за уши, четкичка или прст.

Масажа

Масажата е многу важен фактор. Таа помага за да се подобри циркулацијата и за полесно да се апсорбираат хранливите состојки. Комбинирајте лесен притисок долж веѓите, со штипкање или кружни движења.

Тагови:

веѓи кромид

Facebook impact:

Објавено вторник, 12 септември 2017 03:53:00
Напишано од емилија