Зошто секое шише вино има вдлабнатина на дното?

Рeтко кој не сака да отвори и да ужива во едно добро шише вино, а она што не може да не се забележи е дека скоро сите шишиња имаат вдлабнатини на дното.

img

Уште кога почнале да се произведуваат првите шишиња за вино, било тешко да се направи шише со рамно дно кое ќе биде доволно стабилно, па производителите смислиле да прават вдлабнатина на дното која ќе ја намали стаклената површина.

Набрзо тоа станала традиција, па шишињата почнале да се произведуваат по ист принцип.

Исто така ова вдлабнување му овозможува на винскиот талог да стигне до рабовите на шишето што ја намалува веројатноста да дојде до вашата чаша. Уште една од причините за ова вдлабнување е тоа што го прави шишето да изгледа пополно.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено вторник, 12 септември 2017 06:57:00
Напишано од емилија