Авион на Емирати вратен во Атина поради „СОМНИТЕЛНО ЛИЦЕ“, подигнати борбени авиони Ф16

Авион на Емирати со 228 патници и 18 членови на екипажот, кој синоќа полета од аеродромот во Атина до Њујорк, мораше да биде придружуван назад во Атина со два борбени авиони Ф-16 поради „сомнително лице“, изјави полициски извор.

Авион на Емирати вратен во Атина поради „СОМНИТЕЛНО ЛИЦЕ“, подигнати борбени авиони Ф16

– По информациите од странските власти дека во авионот имало сомнително лице, грчката полиција нареди авионот да се врати на меѓународниот аеродром „Елефтериос Венизелос“ во Атина на увид – изјавила портпаролката на грчката полиција, а пренесува грчкиот портал „Катимерини“.

Патничкиот авион, придружуван од два борбени авиони Ф-16, се вратил околу 45 минути по полетувањето од аеродромот во Атина, според истиот извор. Тој слета синоќа околу 22:00 часот по локално време (20:00 часот по средноевропско време) на меѓународниот аеродром во Атина.

Полициски извор изјави дека американските власти ја предупредиле грчката полиција дека во авионот има „сомнително лице“.

По полициската проверка на сите патници и авиони, не е идентификувано лицето на кое се однесуваат информациите, ниту пак има други сомнителни елементи – се наведува во соопштението на грчката полиција.

Авионот денеска треба да полета за Њујорк, изјави извор од аеродромот.

Непосредно пред враќањето на овој авион, уште еден авион на Емирати на летот за Дубаи беше прегледан синоќа пред да полета од аеродромот во Атина. Авионот на крајот полетал од Атина со пет часа задоцнување, изјави извор од грчкиот аеродром.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.