Австралија го доживеа најтоплото лето во историја

Loading...

Австралија го доживеа најтоплото лето во историјата, а температурите и требале да растат во иднина со зголемувањето на глобалното затоплување, предупреди во понеделникот владината климатска комисија.

Австралија на 7-ми јануари го регистрирала најтоплиот ден со пресечна температура на национално ниво од 40,3 Целзиусови степени.
 
Четириесет ичетири станици за мерење на температурата на воздухот, регистрирале историски рекордни вредности. Во Сиднеј, најголемиот град на континентот, живата во термометарот се искачила на 45,8 степени на 18-ти јануари, што е за 0,5 степени повеќе од претходниот рекорд забележан во јануари 1939 година.
Според извештајот на владината комисија, од почетокот на мерењата пред речиси околу еден век само во 21 ден просечната температура била повеќе 39 Целзиусови степени, од кои осум дена само ова лето.
„Австралиското лето меѓу 2012 и 2013 година го одбележаа екстремни метеоролошки услови на поголемиот дел од територијата, со барнови од рекордна горештина, чести пожари, бури со дожд и разорни поплави”, се истакнува во извештајот што го цитира AFP.
Првиот човек на австралиската владина комисија Тим Фланери ја спореди австралиската клима со допингуван спортист. „Исти ефекти ја погаѓаат нашата клима Климата зема стероиди”, коментираше за јавната телевизиска мрежа ABC.
Најголемата температура кога и да е измерена во Австралија е регистриран во 1960 година, во гратчето Уднадати во државата Јужна Австралија, која се забележани 50,7 Целзиусови степени.
Макфакс
Австралија го доживеа најтоплото лето во историјата, а температурите и требале да растат во ид

loading...