Австрија сака да воведе беспилотно летечко такси

По пробните ограничувања на брзината на автопатиштата од 140 километри на час, австрискиот министер за инфраструктура и сообраќај, Норберт Хофер има намера идната година да воведе беспилотни такси летала, т.е. дронови за превоз на патници.


– Пробните летови можат да се случат веќе напролет… Ќе треба да се одреди и местото за тој тест. Веќе разговарам со колега од Владата кој се занимава со тоа, изјави Хофер.
Притоа, тој призна дека веќе седнал во такво бeспилотно летало.
– Чудно е да седиш внатре и да не правиш ништо, додаде тој.