Австрија ќе распише вонредни избори!?!

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц најави распишување на предвремени избори. На прес-конференција тој рече: Му предложив на претседателот да распише вонредни избори што поскоро.
Ваквата одлука следува по скандалот со видеоснимката со вицеканцеларот Ханјц Штрахе, кој предизвика политички земјотрес во Владата и изнуди оставка на вицеканцеларот.
На скандалозното видео снимено за време на кампањата на изборите во 2017 година, се гледа како Штрахе за бизнис услуга бара финансиски надомест од девојка која се претставува како внука на руски олигарх. Неговото оправдување беше дека бил пијан.