Автобуската линија бр. 21 во петок и сабота со променет возен ред

Автобусот бр. 21 што сообраќа од Транспортен центар до Бардовци од денес во вечерните часови ќе има измени во возниот ред. Како што соопшти ЈСП Скопје, во петок и сабота досегашниот термин 22:50 часот се поместува во 23:05.
– Со ова ЈСП го исполнува барањето на жителите од Бардовци кои официјално поднесоа иницијатива автобусот на посочената линија да сообраќа подоцна за време на викендите, информира компанијата.
ЈСП Скопје ја донесе одлуката по направените анализи на терен во соработка со Град Скопје, процедура која е неопходна при било какви измени на утврдениот единствен возен ред.